Основна цел и содржина на дејствување на клубот се хуманитарните акции:
- вклучување во интернационалната програма за борба против слепилото која опфаќа превентивни активности и лекување на болеста по примерот на други земји, отворање на “screening”, глауком клиники ,”банки” за очи, рехабилитациони центри итн.;
- борба против срцевите заболувања;
- борба против дијабетесот, особено преку едукација на јавноста за симптомите на болеста и за можните компликации од неа;
- едукативна програма за превенција на злоупотребата на дроги и помош на младите во животната ориентација;
- помош и работа со глуви луѓе;
- вклучување во борбата против алкохолизмот и други социјално патолошки појави;
- помагање на луѓе во неволја по кој и да било основ;
- зачувување на здрава животна средина;
- развивање на разновидни облици на граѓански сервиси, помагање на стари и изнемоштени лица, спонзорирање на размена на млади, организирање на кампови, спортски и рекреативни активности на млади и други облици на поддршка на културни, социјални и спортско-едукативни активности;
- вклучување во пошироки хуманитарни акции организирани во рамките на Обединетите Нации, Меѓународниот црвен крст и други хуманитарни организации;
- клубот се залага и работи на подигање на интересот за општата граѓанска, културна, општествена и морална благосостојба на заедницата преку:
- запознавање на членовите со актуелните состојби во Република Македонија и светот, преку настапи на компетентни лица;
- обезбедување форум за отворени, партиски и национално неоптоварени дебати за сите прашања од јавен интерес;
- клубот работи на поттикнување и помагање на активностите за основање други „Lions“ клубови во Република Македонија;
- соработува со „Lions“ клубовите во странство за заемна помош и реализација на заеднички хуманитарни активности;
- работи на промовирање и ширење на добротворството и соработка со сродни организации и субјекти во Република Македонија.
Програмата се остварува низ полугодишни и годишни планови за работа со конкретизирање на заедничките и поединечните обврски и задачи на секој член на клубот.