Контакт | Линкови | Мапа на страната | Книга на пријатели
Лионс Клуб Вардар
 
Историјат на Лајонс идејата
Мисија на LIONS
Како LIONS помагаат – Ние служиме
Членство
Историјат на Лајонс идејата
Асоцијацијата на „Lions“ клубовите започнала како сон на чикашкиот бизнисмен од областа на осигурувањето, Мелвин Џоунс, кој се прашувал зошто локалните бизнис клубови не можат да ги прошират своите хоризонти, и деловните прашања од личен интерес, не само кон своето туку и кон доброто на заедницата и пошироко. Идејата била прифатена во неговиот бизнис клуб во Чикаго и тој започнал со истражување и осмислување на соработката со други слични организации во САД.
 
На 7 јуни 1916 година е одржано основачко собрание на „Lions“ клубот и упатен е повик за одржување на национална конвенција во Далас. Во октомври истата година, делегатите од 22 клуба од девет американски држави го одобриле името на клубот, го избрале првиот претседател д-р Вилијамс Вудс, усвоиле статут, ги утврдиле симболите, и етичкиот кодекс на лајонизмот.
 
Здружението се проширило и добило меѓународен карактер. Во 1927 година веќе броело 60.000 членови организирани во 1183 клубови. Лајонизмот стасал во Европа во 1948 година, преку Шведска, Швајцарија и Франција. Првиот „Lions“ клуб во Јапонија започнал да дејствува во 1952 година. Во источна Европа првите клубови се формирани во 1989 година, во Полска, Унгарија и Естонија, во Русија во 1990, а во Македонија во 1997. Асоцијацијата станала Интернационална во вистинската смисла на зборот со над 40.000 клубови во повеќе од 180 земји и со над 1.4 милиони членови низ светот.
 
„Lions“ клуб Вардар е член на најголемата и најефикасната хуманитарна организација во светот, која независно од јазикот на кој говорат нејзините членови, религијата на која и припаѓаат и политиката за која се определени, е целосно посветена на тоа да им помогне на оние на кои им е потребна помош.
© 2007, ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЛАЈОНС КЛУБОВИ - ЛАЈОНС КЛУБ ВАРДАР