
Претседателот на Lions клуб Вардар Властимир Гламочанин реферираше за реализацијата на донаторската акција за учениците од училиштето за деца со посебни потреби - ПОУ „ИДНИНА“, при што упати голема благодарност до Тодор Станковски, Зоран Поповиќ и Стојан Клопчевски кои со донираните парични средства ја затворија финансиската конструкција за набавка на новогодишните пакетчиња за децата од ПОУ „ИДНИНА“.
Донаторската акција беше реализирана на 21.12.2007 година од страна на Комисијата за доделување, во состав: Властимир Гламочанин, Љупчо Маленков, Лазо Узунчев и Влатко Галевски кои присуствуваа на традиционалната новогодишна приредба на децата од ПОУ „ИДНИНА“.
Притоа, му се заблагодари на Влатко Галевски за хуманиот прилог што по тој повод го објави во
неделникот „Форум“. Во таа прилика, Лав Влатко Галевски ги информираше присутните дека опширен прилог за настанот дал и во својата емисија на Радио Равел со поширок осврт за етичкиот кодекс и целите на лајонизмот.